Челси донесе еден куп играчи, а Покетино се жали: Имаме едвај 14-15 фудбалери

Челси летово потроши 400 милиони фунти, Маурисио Покетино се пожали дека неговиот тим има малку фудбалери на располагање во моментов.

Тој кажа дека многу играчи му се повредени, и поради тоа се соочува со големи проблеми во овој момент пред гостувањето на Борнмут во недела.

„Имам само 14-15 играчи, бидејќи 11-12 се повредени“, се пожали Покетино.

Меѓу оние кои ќе отсуствуваат се Нкунку, Фофана, Броја, Џејмс, Лавија, Бадијашил…

„Историски ова време Челси треба да мисли веќе за европските натпревари, но реалноста е сега поинаква. Добро е што не сме на меѓународна сцена, затоа што имаме големи проблеми“, изјави Покетино.

Се вчитува...