Англискиот премиерлигаш Челси, го претстави Филип Јоргенсен за свој нов фудбалер. Енцо Мареска, кој го презеде клубот оваа сезона, сакаше нов голман и доби. Јоргенсен во англискиот клуб доаѓа од Вилјареал во трансфер вреден 24,5 милиони евра.
Мареска не беше задоволен од опциите што ги имаше на позицијата голман. Ѓорѓе Петровиќ и Роберто Санчез не беа според стандардите на италијанскиот стручњак, па Челси реши да најде друг голман.
Јоргенсен не беше првата опција што ја сакаа, па брзо успеаја да се договорат двете страни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА