Челси е подготвен да постави нов премиерлигашки трансфер рекорд

Челси оваа зима потроши речиси 180 милиони евра на нови засилувања, а наскоро би можел да ја премине границата и од 300 милиони. „Сините“ повторно ќе се обидат да го ангажираат Енцо Фернандез од Бенфика, овој пат со понуда од 125 милиони евра, пренесуваат португалските медиуми.

Младиот Аргентинец кој блесна на Светското првенство во Катар беше трансфер цел на Челси уште од самиот почеток на јануарскиот преоден рок, но англискиот и португалскиот тим не успеаја да се договорат за сумата на трансферот. Преговорите пропаднаа, но не и желбата на Тод Боели да го доведе освојувачот на Мундијалот во својот тим.

Доколку се реализира трансферот според споменатата цена тоа би било и нов премиерлигашки рекорд. Истиот сега го држи Џек Грилиш кој премина од Астон Вила во Манчестер Сити за 117.5 милиони евра.

Се вчитува...