„Челси е подобар тим кога Лукаку не е на теренот“

Ромелу Лукаку и неговата слаба форма се уште се во центарот на вниманието на англиската јавност, откако белгискиот голгетер не успеа да се запише меѓу стрелците ниту на последниот дуел против Брајтон.

Челси е без триумф на последните четири средби, што се поклопува со враќањето на белгискиот џин по повредата, потврдувајќи ги коментарите дека „сините“ подобро функционираат кога Лукаку не е на теренот. Џејми Карагер во својата колумна за весникот „Телеграф“ јасно стави до знаење дека воопшто не е импресиониран од она што го гледа од Лукаку, потенцирајќи дека Белгиецот сега не е ништо подобар играч од она што беше додека прикажуваше разочарувачки игри во дресот на Манчестер Јунајтед.

„Мислам дека сите се согласуваме за една работа, кога Челси плати 100 милиони фунти за Лукаку, сите верувавме дека тој сега е многу подобар играч отколку кога настапуваше за Јунајтед. Шест месеци подоцна, јасно е дека тоа не е точно. Томас Тухел сега го има истиот проблем со истиот напаѓач што го имаше Манчестер Јунајтед пред да го продаде во Интер. Нема сомнеж дека Челси е подобар тим кога Лукаку не е на теренот, а нарушениот однос со неговото интервју е „бомба“ за која никој не знае кога ќе експлодира во соблекувалната на Челси. Очигледно е дека односот меѓу клубот и фудбалерот е нарушен, веќе како и да немаат трпение еден за друг, што не може да донесе ништо добро“, порача Џејми Карагер.

Се вчитува...