Челси е поголем од проблемите – со три гола во Норвич до нови три бода

И покрај сите проблеми и неизвесности Челси стигна до 16. победа во Премиерлигата откако во 30. коло на гостински терен славеше против Норвич со 1-3. „Сините“ рано стигнаа до предност од два гола, а и покрај тоа што домаќините успеаја да приредат неизвесна завршница, сите дилеми за победникот ги реши Хаверц во последната минути од регуларниот дел.

Три минути му беа потребни на Чалобах да го донесе својот тим до водство, а веќе во 14. минута со голот на Маунт гостите стигнаа до 2-0. Пуки од пенал успеа да ја намали предноста на Челси на 1-2, а германскиот репрезентативец во 90. минута ги потврди тритте бода.

До победи стигнаа и Вулверхемптон кој на домашен терен славеше над Вотфорд со 4-0, како и Њукасл кој го доби гостувањето кај Саутемптон со 1-2 и сега е на десет бода над зоната за испаѓање.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...