Челси ова лето се очекува да стигне до двоцифрен број на трансфери по што е јасно дека клубот од „Стемфорд Бриџ“ ќе мора и да се реши од услугите на бројни фудблаери.
Со таа цел веќе се договорени трансфер на двајца напаѓачи. Станува збор за Албанецот Армандо Броја кој по неколку сезони поминати на позајмици и официјално за заминува од клубот и кариерата ќе ја продолжи во Барнли, како и Марк Гуиу на кој Мареска не смета за новата сезона и ќе продолжи да се развива во Сандерленд.
А, додека се чека официјализирање на трансферите на Хато и Симонс, како и преговорите за ангажман на Гарначо се водат и активни преговори за заминувањата на Стерлинг, Нкунку и Џексон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

