Челси и дефинитивно е минато за поранешниот прв голман Кепа, а како нова дестинација се вели дека ќе биде Лацио, кој веќе бара нов голман во текот на зимскиот преоден рок. Главниот тренер на тимот Маурицио Сари се фокусирал главно на две имиња: Алекс Мерет и Кепа Аризабалага.
Според весникот „Република“, Мерет не може да се бори за стартно место во Наполи во конкуренција на Давид Оспина, а Кепа е резерва во Челси откако тимот го купи Едуард Менди.
Челси сака да се реши од услугите на скапиот „втор“ голман, а за 26-годишникот има една изненадувачка понуда од поранешниот стратег на „сините“, Маурицио Сари. Овие двајца имаа нерасчистени сметки на финалето на ФА Купот во 2019 година кога Челси по пенал-рулет изгуби од Манчестер Сити, а непосредно пред крајот на регуларниот дел Кепа одби да биде заменет со Вили Кабаљеро.
Сепак, медиумите од Англија велат дека Италијанецот и Шпанецот конечно ги смириле страстите, па сега сакаат одново да соработуваат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА