Челси и по вториот натпревар сезонава се уште е без победа откако тимот на Френк Лампард денеска ремизираше 1-1 на домашен терен против Лестер.
Маунт го доведе домашниот тим во водство по големата грешка на гостинските дефанзивци, а Челси може да жали за промашените шанси во првото полувреме. „Лисиците“ заиграа подобро во вториот дел и заслужено израмнија преку Ндиди, а потоа при резултат 1-1 не реализираа и две стопроцентни шанси преку Медисон и Варди.
Во 92. минута повторно идеална шанса за Варди, кој беше проигран од десната страна, но од пет метри не реагираше најдобро, пропуштајќи извонредна можност да му ја донесе победата на својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА