Челси ги започна подготовките за новата сезона со победа, Арсенал го задржа сто отстотниот учинок

Челси славеше со 1-2 во првиот натпревар од подготовките за новата сезона на кој за противник го имаше тимот на Клуб Америка од Мексико. Откако мрежите мируваа во првото полувреме, фудбалерите на лондонскиот гигант беа „виновни“ за тритте погодоци.

Тимо Вернер со гол во 55. минута го отвори натпреварот, Рис Џејмс со автогол во 60. минута го изедначи резултатот, а Мејсон Маунт во 83. минута го постави конечниот резултат.

Арсенал ја забележа и третата победа на подготовките откако славеше против Евертон со 2-0. Габриел Жезус продолжува да биде фактор за „топџиите“, а и овој пат го отвори резултатот. Бразилецот стрелаше во 33. минута, а само три минути подоцна Сака донесе 2-0.

Се вчитува...