Челси го ангажираше поранешниот директор на Лајпциг

Поранешниот директор на Лајпциг Кристофер Вивел, се пресели во таборот на Челси, потврдија од таборот на англискиот клуб.

Германецот беше задолжен за скаутингот на тимот на Лајпциг, а во минатото беше дел и од Хофенхајм и од Салцбург. Тој ќе биде задолжен за барање на новите играчи на лондонските „сини“.

Од Лајпциг во минатото во Челси се пресели Вернер, а потоа се врати во овој тим. Од идната сезона во Челси ќе игра Кристофер Нкунку од овој тим, а можен е и трансфер на Јошко Гвардиол.

Се вчитува...