Еден Азар игра се послабо во дресот на Челси, па челниците на англискиот првак повеќе немаат намера да инсистираат на негово останување. Напротив, „сините“ се согласни да му ја исполнат желбата на Азар и да дадат зелено светло за негова преселба во Реал Мадрид, но само доколку за возврат од „кралевите“ го добијат Марко Асенсио.
Младиот Шпанец важи за еден од најголемите таленти во европскиот фудбал и во Челси се убедени дека тој би бил идеална замена за Азар. И самиот фудбалер е заинтересиран за ваков трансфер бидејќи би добил и гаранции за првотимски статус, нешто што го нема во Реал. Имено, Асенсио е загрижен поради фактот дека Зидан инсистира на доведување на Азар, кој би бил сигурен стартер крај Роналдо. Ако се знае дека во меѓувреме се најавува и офанзива по Левандовски, јасно е дека Асенсио во Мадрид би го очекувала нова сезона во кој повеќе време би минал греејќи ја клупата, па токму затоа тој сериозно ја разгледува опцијата за преселба во Лондон.
Конечниот збор сепак ќе го има Зинедин Зидан, кој најпрвин ќе се обиде да го убеди младиот крилен офанзивец да остане во Мадрид. Доколку не успее во тоа, тренерот на Реал би можел да даде зелено светло за ваква размена со која би му се исполнила големата желба, да го тренира Еден Азар во „кралскиот клуб“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА