Белгискиот голман Тибо Куртоа би можел да биде санкциониран со парична казна од 200.000 фунти. Челси отпочна дисциплинска постапка откако голманот два дена не се појави на тренинзите на клубот, а вообичаена санкција во вакви случаи е парична казна во износ на две неделни плати.
Куртоа, кој сака да си замине од Лондон и да се пресели во Реал Мадрид реши да не се појавува на тренинзите на Челси поради револт затоа што „сините“ не му дозволуваат да си ја реализира желбата.
Шпанските медиуми веќе неколку дена тврдат дека трансферот е блиску до реализација, а лондонскиот клуб е заглавен во потрагата по замена и затоа ја одолговлекува работата. Како најнова опција за нов голман во Челси се споменува Кепа од Атлетик Билбао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА