Челси го доби првото засилување

Англискиот дефанзивец Тосин Адарабиојо (26) го напушти Фулам и без отштета се пресели во Челзи, потпишувајќи четиригодишен договор со сините.

Адарабиојо е првото засилување на лондонскиот тим за новата сезона и првото засилување откако италијанскиот менаџер Енцо Мареска го презеде клубот.

„Челзи е огромен клуб и ова е важен момент за мене. Роден сум на три милји од Стемфорд Бриџ и среќен сум што кариерата ќе ја продолжам тука“, изјави 26-годишниот дефанзивец.

Роден во Лондон, но израснат во Манчестер, Тосин ја започна својата кариера во Манчестер Сити, каде мина низ сите возрасни групи. Сепак, тој не доби вистинска можност во сениорска конкуренција, поголемиот дел од времето го мина на позајмица во ВБА и Блекбурн Роверс, а потоа се пресели во Фулам во 2020 година.

Во последните четири години за Фулам забележа 132 настапи и постигна пет гола.

Се вчитува...