Челси оствари победа по четири „посни“ натпревари во Премиер – лигата и тоа против директниот ривал во трката за место во Лигата на шампионите. Франк Лампард го надмудри Жозе Мурињо, откако Челси славеше со 2-1 против Тотенхем на „Стемфорд бриџ“. Сега „сините“ имаат четири бода предност во однос на Тотенхем во трката за четвртата позиција на табелата.

Оливие Жиру во 15.минута донесе водство за Челси, а Маркос Алонсо на стартот на вториот дел зголеми на 2-0. Во финишот, Антонио Рудигер ја затресе сопствената мрежа, но Тотенхем немаше сили да стигне до израмнување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

