Ромелу Лукаку следната сезона би можел повторно да го облече дресот на Челси откако Интер изразил незадоволство од белгискиот репрезентативец и не планира да ја продолжи позајмицата, пренесуваат италијанските медиуми.
Челси го врати корпулентниот напаѓач на „Стемфорд Бриџ“ во трансфер вреден 115 милиони евра во август 2021 година, но по само една сезона го прати назад во Интер. Во меѓувреме потроши значајна сума на пари на нови засилувања па на лето Грем Потер ќе има слатки маки да ги избере тимот со кој атакува на шампионска титула.
„Нероаѕурите“ пак сега целат кон ново засилување на напаѓачката позиција, а прва мета за трансфер е Маркус Турам. 25-годишникот на лето ќе биде слободен играч, но на италијанскиот клуб нема да му биде лесно бидејќи за неговите услуги постои интерес и од Барселона и Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

