Челси го договори Кукурелја

Шпанскиот дефанзивец Марк Кукурелја ќе биде нов фудбалер на премиерлигашот Челси, откако информацијата ја потврдија сите поголеми медиуми во Велика Британија.

Поранешниот европски и англиски првак за дефанзивецот ќе плати 52 милиони фунти на Брајтон, а медицинските прегледи ќе бидат изврешни утре, по што Шпанецот ќе стави потпис на договор на шест години.

 

Се вчитува...