Моисес Каиседо наскоро ќе стане нов фудбалер на Челси откако клубот од „Стемфорд Бриџ“ ги договори деталите за трансфер на 21-годишникот со Брајтон. Овој трансфер ќе биде најскапиот во историјата на Премиерлигата.
Истиот ќе го чини Челси 133 милиони евра, а Брајтон ќе добие и финансиски средства од неговиот следен трансфер. Играчот од средниот ред ќе се задржи во лондонскиот клуб во следните осум години, а постои можност и за продолжување на договорот на дополнителна, деветта година.
Со тоа трансферот на Каиседо финансиски ќе го надмине оној на Енцо Фернандез кој во зимскиот преоден рок стана најскапото засилување на Премиерлигата по преминот од Бенфика во Челси за 121 милион евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

