Според официјалниот сајт на Челси, во моментов екипата на 42 играчи, а денеска е промовиран и уште еден. Станува збор за Жоао Феликс кој се врати во таборот на „сините“ по авантурата во Атлетико Мадрид.
Како што беше најавено, 24-годишниот крилен напаѓач потпиша договор со челниците на Челзи до јуни 2030 година со опција за дополнителна сезона. Како што пренесуваат англиските и шпанските медиуми, трансферната цена е 50 милиони евра.
Феликс на тој начин се врати во клубот за кој настапуваше како позајмен играч во вториот дел од сезоната 2022/23. Португалецот потоа одигра 20 натпревари за сините и постигна четири гола.
Во 2019 година, португалскиот репрезентативец се пресели од Бенфика во Атлетико за 120 милиони евра. И покрај тоа што не се снајде најдобро во Мадрид, тој постигна 34 гола на 131 натпревар за Атлетико во сите натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА