Роман Абрамович во обидот да го задржи долгорочно Еден Азар во Челси му нуди на белгискиот репрезентативец неделна плата од 335.000 фунти со што би бил рекордно најплатен играч во клубот. Азар пред извесно време кажа дека би сакал да игра во Реал Мадрид, но и оти му е убаво и во лондонскиот клуб. Извесно е дека тој нема да замине во јануарскиот преоден рок.
„Се зависи од него. Клубот му понуди договор, но само тој може да реши дали ќе го продолжи договорот. Се разбира дека сакам да остане во Челси, но зависи само од него. Клубот веќе подолго време разговара со него за неделната плата“ – изјави менаџерот на Челси, Маурицио Сари, прашан за иднината на Азар.
Белгиецот во Челси дојде во 2012 година, има одиграно 221 натпревар во кои постигна 72 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА