Англискиот премиерлигаш Челси го реконструира тимот според вкусовите на менаџерот Маурицио Сари. Италијанскиот стратег форсира сосема поинаков фудбал од Антонио Конте и посакува нов плејмејкер во тимот. Откако стана јасно дека младиот Италијанец Сандро Тонали од Бреша нема да пристигне на „Стемфорд бриџ“, Сари се насочи кон Франција. Тој сака да го купи играчот за врска на Лион, Хусем Ауар. За него Челси е подготвен да плати 35 милиони фунти, и да го доведе веќе во зимскиот преоден рок.
Лондонските „сини“ го обезбедија и Нголо Канте за наредните пет сезони, ставајќи крај на шпекулациите дека тој би можел да се пресели во Пари Сен Жермен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА