Англискиот премиерлигаш Челси ќе „пазари“ во Италија, и тоа по барање на својот нов менаџер, италијанскиот стратег Маурицио Сари. Тој има голема желба на „Стемфорд бриџ“ да го доведе младиот италијански репрезентативец Сандро Тонали, кој е член на Бреша, тимот од Серија Б.
На Тонали во Италија му предвидуваат дека ќе се развие во новиот Андреа Пирло, а Сари тоа веќе го увидел и сака да го ангажира во редовите на Челси. За него тимот од Лондон е подготвен да плати 40 милиони фунти.
Покрај Челси, за потписот на Сандро Тонали се борат и Јувентус, Интер, Рома, Милан и Манчестер сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА