Челси го надигра Тотенхем, но Кејн не дозволи домашно славје на „Стемфорд бриџ“

Челси и Тотенхем одиграа одлично лондонско дерби што заврши без победник (2-2), исход од кој незадоволни ќе бидат домашните фудбалери кои два пати имаа водство, доминираа на теренот, но не успеаја да стигнат до цел плен.

Калиду Кулибали го постигна првиот гол за Челси на овој меч со извонреден волеј, по што „сините“ имаа 70% од поседот на топката, но не успеаја да го зголемат водството. Казната стигна преку Хојбјерг за 1-1, но само неколку минути подоцна Челси пак поведе преку Рис Џејмс.

„Спарси“ во завршницата тргнаа на „се или ништо“, за со многу среќа да стигнат до израмнување со голот што го постигна Хари Кејн.

Се вчитува...