Челси го „напаѓа“ Интер – 142 милиони за тројца играчи

Челси го „нападна“ Интер и понуди 142 милиони евра за тројца играчи на „нероазурите“. Станува збор за Милан Шкриниар, Дензел Дамфрис и Чезаре Касадеи.

Најголемиот дел од парите се однесува на стоперот Шкриниар за кој лондонскиот клуб е подготвен да плати 90 милиони евра. Дамфрис е проценет на 45 милиони евра, додека младиот италијански фудбалер Касадеи чини седум милиони.

Шкриниар цело време беше поврзуван со трансфер во ПСЖ, а беше купен од Сампдорија пред пет години за 20 милиони евра. Прерасна во еден од најдобрите стопери. Дамврис во Интер стигна од ПСВ за 12,5 милиони евра. Касадеи е од Интер во 2018 година, но и натаму нема настап во сениорскиот тим на Интер.

Се вчитува...