Нема новости за Чави, а нема ништо ново околу Рубен Аморим, па Челси и натаму е во потрага по нов тренер. Една од варијантите е и Енцо Мареска. Актуелниот тренер на Лестер обезбеди место во Премиерлигата, и сега е во комбинација за испразнетото место на Челси.
Според најавите, и самиот Мареска изразил заинтересираност да биде тренер на „сините“, па превзмањето на кормилто би можело да се случи веќе за неколку дена.
Челси пред извесно време му врачи отказ на Маурицио Покетино поради слабите резултати во оваа сезона и сега е во потрага по нов тренер. Покрај Чави, се споменуваа и Де Зерби и Компани. Компани веќе ја прифатил понудата на Баерн Минхен, додека Де Зерби засега не покажал заинтересираност да седне на кормилото на лондонскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА