Англискиот премиерлигаш Челси би можел да добие забрана за трансфери од ФИФА поради неправилен ангажман на малолетни фудбалери, па Маурицио Сари и раководството на клубот ќе се обидат да реновираат дел од тимот по завршувањето на сезоната. Италијанскиот стратег негува офанзивен стил на игра и има огромна желба на „Стемфорд бриџ“ да го доведе Марко Асенсио, шпанскиот репрезентативец од редовите на европскиот првак Реал Мадрид. Тој никако да се наметне како стандарден првотимец во „кралскиот клуб“, а тоа Челси сака да го искористи.
Тимот од Лондон подготви интересна понуда за Реал Мадрид. Челси е подготвен да го испрати Нголо Канте, најдобриот дефанзивен играч за врска во светот, во Реал Мадрид и да плати дополнителни 20 милиони евра, за да го купи Марко Асенсио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА