Португалецот Педро Нето и официјално е нов играч на премиерлигашот Челси. Овој 24-годишен крилен напаѓач со Челси потпиша седумгодишен договор до јуни 2031 година.
Неговиот поранешен клуб Вулверхемптон ќе добие отштета од 63 милиони евра. Португалскиот фудбалер беше претставен пред навивачите на „Стемфорд бриџ“.
„Работев напорно во кариерата за да бидам тука и со нетрпение очекувам да излезам на теренот во овој дрес“, изјави Педро Нето.
Педро Нето беше еден од најдобрите играчи на Вулверхемптон во претходните пет сезони. За Волвс одигра вкупно 135 натпревари, 111 во Премиер лигата и постигна 14 гола. Кариерата ја започна во Брага, а кратко настапуваше и за Лацио.
It’s official. ✍️ pic.twitter.com/AbvLnYrwDg
— Chelsea FC (@ChelseaFC) August 11, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА