Челси го освои ФА Купот на Англија (ВИДЕО)

Челси ја загуби шампионската титула во Премиер – лигата од супериорниот Манчестер сити, но Антонио Конте и неговите фудбалери сепак освоија престижен трофеј оваа сезона. Лондонските „сини“ во финалето на „Вембли“ го совладаа Манчестер јунајтед со 1-0 и успеаја да стигнат до пехарот во ова натпреварување.

Во една неизвесна финална пресметка, без многу стопроцентни шанси пред двата гола, пресуди Белгиецот Еден Азар. Тој во 22.минута постигна погодок од пенал, откако и самиот се избори за најстрога казна. Манчестер јунајтед не успеа да возврати, па Челси му се радува на трофејот во ФА Купот на Англија. На крајот, се прегрнаа спортски и Антонио Конте и Жозе Мурињо, кои „водеа војна“ во текот на целата сезона.

Се вчитува...