Челси го освои Солун, Севилја немилосрдна против Стандард

Челси го освои Солун славејќи против ПАОК со 0-1 во првиот натпревар од Групата Л во Лигата на Европа.

Триумфот на „сините“ го донесе Вилијан со погодок уште во 7. минута од натпреварот…

Во истата група, Мол Види на македонскиот репрезентативец Бобан Николов загуби со 0-2 пред своите навивачи од Бате Борисов. Николов настапи до 78. минута од натпреварот.

Најубедливата победа ја запиша Севилја во Групата Ј славејќи против Стандард со 5-1.

Во останатите мечеви, Кубан Краснодар славеше со 0-1 на гостувањето против Акхисар, а Бешикташ со 3-1 го победи Сарпсборг.

ЛИГА ЕВРОПА (РЕЗУЛТАТИ – 1. КОЛО)

ГРУПА Г

Вилјареал – Глазгов Ренџерс 2-2; Рапид Виена – Спартак Москва 2-0

ГРУПА Х

Лацио – Аполон 2-1; Марсеј – Ајнтрахт Ф. 1-2

ГРУПА И

Бешикташ – Сарпсборг 3-1; Генк – Малме 2-0

ГРУПА Ј

Севилја – Стандард 5-1; Акхисар – Краснодар 0-1

ГРУПА К

Рен – Јаблонец 2-1; Динамо Киев – Астана 2-2

ГРУПА Л

ПАОК – Челси 0-1; Мол Види – Бате Борисов 0-2

Се вчитува...