Енцо Мареска од денеска повеќе не е менаџер на Челси, изненадувачки развој на настаните само шест месеци откако италијанскиот стратег ги предводеше лондонските “сини“ до титулата светски клуппски шампиони.
Резултатите на Челси во последниот месец не се движеа според очекувањата, но англиските медиуми тврдат дека тоа не е единствената причина за враченот отказ. Имено, раководството на Челси во последните петнаесетина дена било во конфликт со Мареска поради фактот дека овој стратег разговарал со Манчестер сити, кој во него гледа идеален кандидат за наследник на Пеп Гвардиола.
Мареска го информирал Челси за контактот кон средината во октомври, а потоа и пред крајот на декември. Сепак, во ситуација кога резултатите не беа најдобри кон крајот на годината „сините“ го обвиниле Италијанецот дека не е доволно фокусиран на работата во лондонскиот клуб бидејќи преговори со нивниот премиерлигашки ривал.
Енцо Мареска бил шокиран од ваквите обвинувања, конфликтите се вжештиле по последните две средби во кои „сините“ освоија само еден бод, што на крајот резултираше со тренерска смена на „Стемфорд бриџ“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

