Челси го плати екстремно, а сега никој не го сака ниту за „ситно“

Поранешниот англиски репрезентативец Бен Чилвел (28) беше отпишан од тимот на Челси и овој фудбалер се најде во сериозен проблем бидејќи нема клуб кој сака да го ангажира.

Пред само четири години, Бен Чилвел беше платен 50 милиони евра и требаше да ја засили одбраната на Челзи. Сепак, тој ќе сака што побрзо да заборави речиси поголем дел од кариерата во редовите на лондонскиот клуб.

Чилвел беше целосно отпишан од тимот по доаѓањето на Енцо Мареска. Сезонава одигра само еден натпревар во ЕФЛ купот, а менаџерот на клубот му порача дека најдобро би било да бара нов клуб. Челси е подготвен да го пушти за мало обесштетување. Тој прифатил да си замине, но наиде на друг проблем – нема тим што сака да го ангажира.

„Дефанзивецот на Челси би можел да ги помине следните шест месеци надвор од теренот. Причината е што нема интерес од ниту еден клуб“, пишува „Сан“.

Се вчитува...