Челси го победи Арсенал – доаѓа Зијеш од Ајакс

Челси беше неочекувано мирен во зимскиот преоден рок, но Френк Лампард веќе го договори првото летно засилување, кое сигурно ќе им биде од огромна помош на „сините“ од наредната сезона. Станува збор за асот на Ајакс, Хаким Зијеш, чиј трансфер вреден 45 милиони евра е веќе договорен.

Мароканецот и минатото лето беше поврзуван со заминување, но тогаш покажа лојалност кон Ајакс и реши да остане во овој клуб. Управата за возврат му вети дека следното лето ќе добие зелено светло за трансфер, а со договорениот трансфер во Челси тоа ветување сега е исполнето. Интерес за услугите на Зијеш во изминатите месеци покажуваше Арсенал, но „сините“ ја добија трката со градскиот ривал и веќе имаат преддоговор со Ајакс.

Холандските медиуми тврдат дека шампионот на оваа земја ја прифатил понудата од „Стемфорд Бриџ“, а „сините“ во меѓувреме ги договориле и условите со самиот фудбалер. Зијеш ќе го заземе местото во тимот на Бразилецот Вилијан, кој летово како слободен играч ќе си замине од Челси.

Се вчитува...