Маурицио Сари ја доби потребната поддршка од директорката на Челси, Марина Грановскаја во случајот со голманот Кепа Аризабалага, но не добил никакви гарнации за неговата иднина во клубот.
Менаџерот и директорката која е клучна во клубот на Абрамович разговарале по скандалот, и покрај обидите на Сари и на Кепа да го релативизираат случајот, била донесена одлука за паричната казна за голамнот.
Сепак останува отворено прашањето за тоа каква ќе биде судбината на Сари на менаџерската позиција. тој се наоѓа во назавидна ситуација по тешките порази од Манчестер Сити и од Борнмут во Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА