Челси го претстави Гонзало Игуаин како нова „деветка“

Аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин и официјално е нов фудбалер на Челси. Тој во наредните шест месеци ќе го носи дресот со број „9“ на клубот од „Стемфорд бриџ“ како позајмен играч од Јувентус. Игуаин една година беше дел од Милан исто така на позајмица, а сега повторно ќе работи со Маурицио Сари, стратегот со кого имаше одлична соработка во Наполи.

„Кога ми беше предложено дека можам кариерата да ја продолжам во Челси, веднаш се сложив. Отсекогаш сакав да играм во овој клуб со богата традиција и голема историја, да бидам дел од Премиер – лигата. Се надевам дека ќе дадам полн придонес во остварувањето на клупските цели до крајот на сезоната“, изјави Игуаин за клупскиот сајт на Челси.

Аргентинецот сепак не е навремено регистриран за да може да биде во тимот на утрешниот втор полуфинален натпревар од Лига – купот на Англија меѓу Челси и Тотенхем. По првиот меч, Тотенхем има предност од 1-0.

Се вчитува...