Јавната тајна сега стана официјална информација – Маурицио Сари ќе биде нов предводник на Челси за наредната сезона. Неполни 24 часа по отказот што му беше врачен на Антонио Конте утрово беше официјализирано дека лондонскиот клуб потпишал договор со 59-годишниот стручњак, кој до лани седеше на клупата на Наполи.
„Многу сум задоволен што доаѓам во Челси за да бидам дел од Премиер-лигата, ова е возбудлив нов предизвик во мојата кариера. Со нетрпение очекувам да почнам со тренинзи со новите фудбалери, а потоа ќе следи и птувањето до Австралија, кадде подобро ќе се запознаеме и ќе почнеме со натпреварите. Моја желба е да им понудиме на навивачите атрактивен напаѓачки фудбал и да се бориме за трофеи, тоа е она што Челси како клуб го заслужува“ – изјави Сари по потписот на тригодишниот договор со лондонскиот клуб.
Британските медиуми најавуваат дека главна желба на новиот стратег ќе биде ангажман на Гонзало Игуаин, со кого имаше беспрекорна соработка во Наполи пред Аргентинецот да се пресели во Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА