Челси го преживеа налетот на Лутон: Фантастично издание на Палмер

Челси влезе во победничка низа во Премиерлигата откако во 20. коло славеше на гостувањето кај Лутон со 1-3 во натпревар кој го одбележаа фантастични голови.

Првиот од нив беше дело на Палмер кој во 12. минута упати неодбранилив удар од шестнаесетникот, а веќе до полувремето гостите имаа предност од 0-2 по „бомбата“ на Мадуеке.

Предност од 0-3 за Челси донесе Палмер со нов фантастичен гол во кој ги издрибла и голманот и три противнички играчи, а десет минути подоцна мрежата ја затресе и поранешниот фудбалер на „сините“, Баркли за 1-3. Домашниот тим продолжи да напаѓа, а обидите вродија плод во 87. минута кога по одбиена топка Адебајо намали на 2-3.

Се вчитува...