Челси и дефинитивно го продава белгискиот репрезентативец Ромел Лукаку. Лондонскиот клуб за неговите услуги бара 45 милиони евра.
Лукаку минатава сезона ја мина на позајмица во Рома каде постигна 21 гола, дополнети и со четири асистенции, на 47 натпревари.
Белгиецот со Челси има договор до јуни 2026 години, но Англичаните сакаат да го продадат ова лето. Бараат 45 милиони евра, а пред само две години го платија на Интер дури 113 милиони евра.
Се шпекулира дека Наполи е заинтересиран да го откупи неговиот договор, како замена за Виктор Осимен кој би можел да замине токму во Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА