Челси го потврди Лиам Делап како ново засилување на својот тим. Досегашниот напаѓач на Ипсвич потпиша шестгодишен договор, со кој се обврзува да остане на „Стемфорд Бриџ“ до 2031 година.
Репрезентативецот на Англија до 21 година, постигна 12 гола во минатата сезона, и беше номиниран за „млад играч на годината“.
„Јасна ми е стратегијата на овој клуб, и можам да видам дека се движи во позитивна насока. Ова ќе биде одлично место за мене за да се развивам и се надевам дека ќе постигнам неверојатни работи тука, и ќе му помогнам на клубот да освои што повеќе трофеи“, изјави Делап.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

