Челси го промовираше Мудрик сред натпревар

Челси и официјално го потпиша Михајло Мудрик од Шахтјор. За сума од 108 милиони евра, вклучувајќи и бонуси, лондонските „сини“ го добија новиот играч.

Украинското чудо од дете попладнево беше на трибините на дуелот со Кристал Палас. Интересно е што „сините“ се одлучија да го промовираат новото име сред натпревар. Во еден момент тој се симна на теренот и се фотографираше со дрес на новиот клуб.

Мудрик претходно ги мина лекарските прегледи, и стави потпис на седумгодишен договор со „сините“. Претходно беше поврзуван со Арсенал, но на крајот Челси им го „украде“ пред нос.

Се вчитува...