Челси го пронајде „кртот“ во соблекувалната

Челси го идентификуваше и го реши проблемот со „кртот“ одговорен за протекување информации за составот пред двата натпревари од Лигата на шампионите против ПСЖ.

Пред првиот натпревар од осминафиналето во Париз, целиот стартен состав на тренерот Лиам Розениор беше објавен во француските медиуми, а слична ситуација се случи и пред реваншот, кога протече вест дека Весли Фофана нема да го започне натпреварот.

Пред реваншот на Стемфорд Бриџ, медиумите однапред знаеја дека стоперската двојка ќе биде Трево Чалоба и Жорел Хато. И двете информации се покажаа како точни, што доведе до внатрешна клупска истрага која на крајот го откри виновникот. Клубот наведува дека протекувањето информации не дошло директно од еден од играчите, туку е, како што велат, „надворешен проблем“.

„Знаеме кој е“, потврди Розениор на прес-конференцијата пред натпреварот со Евертон.

„Немаше никаква лоша намера кон мене или тимот. Знаеме од каде доаѓаат информациите и ја решивме ситуацијата.“

Челси не сакаше официјално да го именува одговорното лице.

Се вчитува...