Челси го „скрши“ Барнли и се искачи на второто место (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челси дојдоа до седмиот триумф во Премиерлигата, откако го совлада Барнли на гостински терен со 0-2. Со тоа лондонските „сини“ за момент се искачија на второто место на табелата со 23 бодови, три помалку од Арсенал, но и меч повеќе од својот градски ривал.

Голот на Педро Нето во 37. минута од средбата го донесе Челси во предност. Нафрлена топка, по која Нето со глава успеа да донесе водство за гостите.

Челси го реши прашањето околу победникот во 89. минута. По една брза акција, Гиу додаде до Енцо Фернандез, кој погоди во празната мрежа и успеа да ја затресе мрежата.

Се вчитува...