Челси го совлада демотивираниот Ливерпул (ВИДЕО)

Откако ја освои титулата во Премиерлигата, Ливерпул допатува во Лондон без никаков императив, а Челси тоа го искористи да слави триумф од 3-1, и да го продолжи патот кон пласман во Лигата на шампионите идната сезона.

Фернандез во 3. минута донесе предност за Челси, а на стартот од вториот дел Куенса со автогол го однесе Челси на 2-0. Ван Дајк во 85. минута успеа да намали, а конечните 3-1 ги постави Кол Палмер со гол од пенал во судиското надополнување.

Се вчитува...