Челси сака што поскоро во своите редови да го доведе капитенот на Кристал Палас, Марк Гуехи пренесуваат англиските медиуми.
Сините сакаат да најдат замена за Фофана, за кого сезоната е завршена, па изборот падна на фудбалерот кој своевремено беше дел од лондонскиот клуб. Интересно е што Гуехи пред четири години замина токму од Челси во Кристал Палас откако за него беа платени 18 милиони фунти.
Останува да видиме што сега ќе понуди Челси за одличниот стопер. Гуехи е стандарден репрезентативец на Англија. Досега, од 2022 година, има одиграно 22 натпревари за националниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА