Челси се искачи на второто место на премиерлигашката табела откако „сините“ вечерва по голема борба триумфираа над Вулверхемптон со 3-0.
„Фенерџијата“ на табелата во првото полувреме целосно одолеваше на нападите на фаворитот, но Челси сепак најде начин да стигне до бодовите, решавајќи го победникот во првите дваесетина минути од второто полувреме.
Првиот погодок беше дело на десниот бек Мало Густо, кој се најде осамен во петерецот и со глава го отвори резултатот, носејќи радост меѓу домашните навивачи на „Стемфорд бриџ“. Вториот гол беше дело на Жоао Педро, а третиот на Нето, по втората асистенција на мечот на Аргентинецот Гарначо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

