Челси го задржува талентот и во следните две години

Челси се подготвува за нова ера со нов газда, а пред да започне серијата на пристигнувања и заминувања од „Стемфорд Бриџ“, клубот го продолжи договорот на талентираниот Били Гилмур кој и во следните две години ќе го носи „синиот“ дрес.

Сега 21-годишникот пристигна во редовите на Челси во 2017 година од Ренџерс за 1.7 милиони евра, ги помина младинските категории, а забележа и 22 настапа за првиот тим. Претходната сезона ја помина на позајмица во Норвич каде со добрите настапи се избори за место во лондонскиот гигант и во иднина.

Се вчитува...