Челси го „здрма“ Тотенхем во лондонското дерби (ВИДЕО)

Челси ја продолжува „брканицата“ со Ливерпул и Манчестер јунајтед за врвот на стартот од новата сезона во Премиерлигата, триумфирајќи со 0-3 во лондонското дерби против Тотенхем во 5. коло од шампионатот.

„Сините“ триумфот си го обезбедија со два брзи гола во периодот од 49. до 57. минута.

Најпрво, во 49. минута погоди Силва а потоа во 57. минута стрелаше и Канте. Конечните 0-3 беа дело на Рудигер во втората минута од судиското продолжение.

Челси со најновите три бода се израмни со Ливерпул на врвот со 13 бода.

Се вчитува...