Челси дојде до првиот триумф во Премиерлигата, откако во 2. коло го совлада тимот на Вулверхемптон со убедливи 2-6. Ноди Мадуеке беше херој на мечот, кој постигна „хет-трик“ на оваа средба. Во нападот „сините“ покажаа квалитет, меѓутоа одбраната и натаму е нивниот послаб дел, со оглед дека примија два гола, а на „волците“ им беше поништен и уште еден гол.
Николас Џексон во 2. минута го отвори резулатот, но следуваше враќање на домашните преку Куња. Кол Палмер постигна прекрасен гол за 1-2 во 45. минута, но во судиското надополнување Ларсен израмни за 2-2 на полувремето.
Во вториот дел царуваше Ноди Мадуеке. Во 49. 58, и во 63. минута постигнува три гола за водство од 2-5, за Феликс на крајот да ја запечати судбината на домашните.
Дуелот помеѓу Борнмут и Њукасл заврши нерешено 1-1. Таверние донесе преднсот за Борнмут, за Гордон во 76. минута израмни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА