Челси направи огромен чекор напред кон освојување на шампионската титула во Премиер – лигата, откако го совлада Арсенал со 3-1 на „Стемфорд бриџ“. Сега тимот на Антонио Конте има 12 бода предност во однос на „топчиите“.
Маркос Алонсо го доведе Челси во водство во 13.минута, откако се извиши над Белерин и постигна гол со глава, но и го разнесе Шпанецот во овој воздушен дуел. Гостите бараа фаул, но, сепак погодокот беше признат.
Во вториот дел, Еден Азар изведе свое шоу, земајќи ја топката на средината на теренот, а потоа сам против сите во соло продор ги надмудри противничките одбранбени фудбалери, тресејќи ја мрежата на Петр Чех во 53.минута,
Цеск Фабрегас во 85.минута ја искористи грешката на Чех и го лобуваше од триесетина метри за убедливи 3-0, а во судиското продолжение Оливие Жиру го постигна почесниот погодок за Арсенал во оваа дерби пресметка.
All Goals & Highlights HD – Chelsea 3-0 Arsenal… by fabiolafarrellyOlivier Giroud Goal HD – Chelsea 3-1 Arsenal… by Live1Goals
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА