Челси и Арсенал навиваат за Барселона

Барселона престојното лето би можела да стигне до големо засилување и без потрошени пари за трансфер со оглед на тоа што голема желба на раководството на клубот е асот на Тотенхен, Сон Хеунг-мин чиј договор со премиерлигашот истекува на крајот на сезоната.

За трансфер на Кореецот во Барселона „навиваат“ и Челси и Арсенал со оглед на тоа што со тоа би им се олеснила задачата и самите лондонски гиганти да стигнат до сопствените трансфер цели.

Трансфер на Сон во Барселона за Арсенал значи полесен ангажман на Нико Вилијамс, младиот шпански репрезентативец за кој Микел Артета смета дека перфектно би се вклопил во клупски план. Вилијамс беше голема трансфер желба и на каталонците, но доколку дојде до потпис на Сон, тогаш тој би бил прекуброен на „Камп Ноу“.

Приситнување на Сон во каталонските редови би значело и трансфер на Рафиња. Бразилецот е долгогодишна желба на Челси, тој воедно и беше блиску до премин на „Стемфорд Бриџ“, но преговорите со Лидс запреа кога интерес покажа Барселона.

Се вчитува...