Екипата на Челси немаше никакви проблеми да ја совлада екипата на Престон, и да обезбеди пласман во 1/16 финалето на ФА Купот. Лондонските „сини“ на крајот со убедливи 4-0 успеаја да слават триумф. Интересно, сите четири гола избраниците на Покетино ги постигнаа во вториот дел.
Најпрво Армандо Броја во 58. минута донесе предност. Во 66. минута Тиаго Силва зголеми на 2-0, а три минути подоцна Стерлинг и на 3-0. Конечната победа ја донесе голот на Енцо Фернандез во 85. минута.
Во следното коло мина и Астон Вила, која дури во 88. минута го скрши отпорот на Милдсбро. Метју Кеш во 88. минута успеа да погоди со многу среќа, и да го однесе својот тим во следната фаза.
Понатаму во ФА Купот продолжува и Шефилд Венздеј кој триумфираше над Кардиф со 4-0, како и Свонси кој го победи Морекамб со 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА