Челси и Барселона во преговори за Френки де Јонг

Френки де Јонг ова лето беше трансфер цел на Манчестер Јунајтед, но холандскиот репрезентативец одби да се пресели на „Олд Трафорд“. Но, и покрај тоа тој би можел да заврши во Премиерлигата откако интерес за неговите услуги изрази Челси.

Лондонскиот тим веќе ги започнал преговорите со каталонците и се очекува наскоро двата клуба да постигнат договор за сумата на трансферот. Како потсетување, пречка за реализација на преминувањето во Манчестер Јунајтед беше амбицијата за настап во Лигата на Шампионите, нешто што не пречка за премин во Челси.

Челси е во преговори и за ангажман на фудбалерот на Брајтон, Марк Кукурела па „сините“ се на прагот да добијат две екстра засилувања за кус период.

Со заминувањето на 25-годишниот од Барселона се отвара можност за нови засилувања за Барселона. На радарот на тимот од „Камп Ноу“ е Бернардо Силва.

Се вчитува...